За првпат мнозинството Палестинци се против нападот на Хамас на 7 октомври

Од:

Повеќето жителите на Појасот Газа сметаат дека одлуката на Хамас да го нападне Израел на 7 октомври минатата година е погрешна, покажа новото истражување на јавното мислење, чии резултати беа објавени денеска. Истражувањето покажа голем пад на поддршката за тој напад, по што следеше израелската офанзива на Појасот Газа.

Анкетата, спроведена на почетокот на септември од страна на Палестинскиот центар за политика и истражување (ПСР), покажа дека 57 отсто од испитаниците во Појасот Газа сметаат дека одлуката за напад на Израел на 7 октомври е погрешна, додека 39 отсто сметаат дека е исправна.

Тоа е прв пат од 7 октомври анкетата на ПСР да покаже дека мнозинството од испитаниците од Појасот Газа сметаат дека одлуката е погрешна. Паднала и поддршката за нападот на Западниот Брег, иако мнозинството од испитаниците, 64 отсто од нив, сепак сметаат дека тоа е правилна одлука, се вели во истражувањето.

Истражувањето на ПСР спроведено пред три месеци покажа дека 57 отсто од испитаниците во Појасот Газа веруваат дека одлуката е точна. Повеќе од 41.000 Палестинци се убиени во израелската офанзива што го опустоши Појасот Газа, соопшти Министерството за здравство на Појасот Газа.

Во нападот на Хамас, според израелските податоци, загинале 1.200 луѓе, а 250 биле киднапирани. Анкетите на ПСР од нападот на 7 октомври постојано покажуваат дека мнозинството од испитаниците и во Појасот Газа и на Западниот Брег го поддржуваат нападот, повеќе на Западниот Брег отколку во Појасот Газа.

Би можело да ве интересира

Газа: Најмалку шест бебиња починаа од смрзнување

Светска банка: За реконструкцијата на Газа се потреба од повеќе од 50 милијарди долари

Медиуми: Хамас е подготвен да ја предаде контролата врз Појасот Газа на палестинските власти

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Хамас: Ќе го спроведеме договорот за прекин на огнот во Газа, ќе ги ослободиме заложниците

ИДФ го нападна појасот Газа по ракетата, наводно, истрелана од енклавата