За пет дена минати во затвроска ќелија „заработи“ 4,1 милион долари

Од:

Студентот од Калифорнискиот универзитет, Дениел Чонг, кој минатата година мина пет дена во притворска ќелија со лисици на рацете и без храна и вода, постигна договор со американската Агенција за борба против наркотица (ДЕА) за исплата на отштета од 4,1 милион долари, соопштија неговите адвокати.

Чонг (24), бил приведен со уште осум лица на 21 април 2012 година при една рација во Сан Диеего. Тој тврди дека додека бил во притовор бил принуден да ја пие сопствената урина и дека „за малку ќе умрел“ во ќелијата каде што бил затворен, а потоа очигледно бил заборавен од страна на полицајците.

Откако го „пронаше“, Чонг бил пренесен во болница каде минал пет дена, од кои три на интензивна нега. Минатата година тој поднесе тужба, барајќи од ДЕА отштета од 20 милиони долари.

Неговите адвокати синоќа соопштија дека успеале да се договорат и дека ДЕА на нивниот клиент ќе му исплати 4,1 милион долари. ДЕА призна дека Чонг „случајно бил оставен“ во притворската ќелија.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски