За партијата на Макрон резултатите на евроизборите не се „ниту победа, ниту пораз, ниту добар резултат“

Од:

Носителката на листата на партијата Републиката во движење (РЕМ) за европските избори, Натали Лоазо ги коментираше изборните резултатите со оценката дека тие не се „ниту победа, ниту пораз, ниту добар резултат“.

Како што јави дописникот на МИА, потсетувајќи дека РЕМ, чиј основач е францускиот претседател Емануел Макрон, има „ист број на мандати како и Националниот собир (РН)“ на Марин Ле Пен, Лоазо, оцени дека тоа не е неуспех на нејзината партија.

– Не сметам дека тоа е неуспех, две години по одржувањето на претседателските избори, докажавме дека Републиката во движење е партија која е инсталирана да трае и дека не е несреќен случај на историјата. Покажавме дека таа е партија на француската младина, значи таа е партија на иднината и од оваа гледна точка многу, многу, многу коментатори грешат. Ние имаме помалку од еден процент од Националниот собир и имаме ист број на места во Европскиот парламент како Националниот собир, што за нив е полошо отколку во 2014 година, нагласи Лоазо.

Таа потсети дека во 2014 година владејачкото мнозинство во Франција имаше само 14 отсто на европските избори.

Лоазо потенцира и дека традиционалните партии, мислејќи на конзервативните Републиканци (ЛР) и на Социјалистичката партија (ПС), ги „нема никаде“ и се под 10 отсто.

– Реалноста е дека насекаде во Европа популистите и прогресивните сили се рамо до рамо и дека традиционалните партии отишле на избори со нешто друго на ум за Европа и погрешија, смета Лоазо.

Но, со задоволството на Лоазо не се согласува целосно портпаролот на француската Влада, Сибет Ндијае.

– Ние не сме први на овие избори…, ние не победивме и значи изгубивме, изјави Ндијае, кој призна дека има „разочарување“, па дури и ако резултатот во овој контекст е „завиден“.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски