За падот на Авдивка, Бајден го обвини Конгресот

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден го обвини Конгресот за повлекувањето на украинските сили од Авдивка во источна Украина, велејќи дека неактивноста на американскиот парламент довела до пораз.

„Украинската војска беше принудена да се повлече од Авдивка поради недостиг на муниција, што беше резултат на неактивноста на Конгресот и што резултираше со првите значајни придобивки на Русија по неколку месеци“, соопшти Белата куќа по телефонскиот разговор меѓу Бајден и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Падот на уништената Авдивка е најголемиот напредок на Русија од мај 2023 година, кога го освои Бахмут. Бајден во телефонски разговор уште еднаш го уверил украинскиот претседател за американската поддршка и ја истакнал итната потреба Конгресот да одобри нов пакет помош за Украина, соопшти Белата куќа.

По долго одложување, Сенатот неодамна одобри нов пакет помош за Украина во вредност од околу 60 милијарди долари. Не е јасно дали ќе помине во Претставничкиот дом, каде мнозинство се републиканците. Нејзиниот претседател Мајк Џонсон тврди дека законот нема ни да биде ставен на гласање.

Заземањето на Авдивка е клучно за целта на Русија да обезбеди целосна контрола врз двете провинции кои го сочинуваат индустрискиот регион Донбас, а исто така може да му донесе победа на претседателот Владимир Путин на изборите следниот месец.

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков