За Грузија е неприфатлив референдум во Јужна Осетија за присоединување со Русија

Од:

Разговорите за референдум во грузискиот отцепен регион Јужна Осетија за приклучување кон Русија се неприфатливи, изјави денеска грузискиот министер за надворешни работи Давид Залкалијани.

Неговата изјава уследи откако претседателот на отцепената грузиска територија, Анатолиј Бибилов најави дека во блиска иднина ќе се преземат правни чекори за формално приклучување кон Русија.

Бибилов нагласи дека Јужна Осетија ја пропуштила својата шанса да стане дел од Русија во 2014 година и оти тој нема да дозволи да се повтори истото.

Претходно, Народните републики Доњецк и Луганск, кои се под руска контрола, исто така најавија дека во иднина ќе ја разгледаат можноста за започнување формална процедура за приклучување кон Руската Федерација.

Додека властите на отцепениот грузиски регион Абхазија соопштија дека не планираат да ѝ се придружи на Русија.

– Русија е наш стратешки партнер, драга и блиска земја, но ние во републиката (Абхазија) немаме намера да се приклучиме на Руската Федерација, истакна претседателот на абхазискиот Парламент, Валериј Кварчија.

Додека секретарот на Советот за безбедност на Абхазија, Сергеј Шамба наведе дека регионот ги поддржува аспирациите на Јужна Осетија, но не ја дели нејзината цел за приклучување кон Русија.

Јужна Осетија планира да одржи референдум за приклучување кон Русија по регионалните избори закажани за 10 април.

Официјална Москва ги призна Јужна Осетија и Абхазија како независни држави по руската војна со Грузија во 2008 година.

Претходно, самопрогласените народните републики Доњецк и Луганск, кои се под руска контрола, исто така најавија дека во иднина ќе ја разгледаат можноста за започнување формална процедура за приклучување кон Руската Федерација.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

ISW: Лавров ги откри тајните претензии на Русија

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Од Северна Кореја во Русија пристигнаа 4.000.000 артилериски гранати

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Одмазда за масакрот во Суми: Украина ја уништи руската ракетна бригада во регионот Курск