За граѓаните на ЕУ социјалните прашања се најважни

Од:

Последниот Евробарометар покажува дека социјалните политики се врвен приоритет за големо мнозинство на граѓаните на ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.

За 88 отсто од граѓаните во Европската Унија, социјална Европа е важна за нив лично, објавува Евробароматерот.

Во контекст на економска, здравствена и социјална криза, граѓаните во ЕУ сметаат дека најитни се прашањата поврзани за еднаквоста на пристапот до пазарот на трудот, квалитетни работни услови и пристап до квалитетни здравствени услуги.

Во Европската Унија социјалната политика е национална надлежност, но Европската Комисија се подготвува да усвои нов акциски план за социјални права во ЕУ, кој треба на ЕУ да и даде поголемо влијание во социјалните политики.

Според Евробарометарот 71 отсто од граѓаните на ЕУ изјавиле дека недостигот на социјални право е сериозен проблем, а 62 отсто сметаат дека до 2030 Европската Унија ќе биде „посоцијална“.

Планот за социјални права презентиран во 2017 дефинира дваесет клучни права за посилна социјална Европа.

Би можело да ве интересира

Лавров: Зеленски стана нацист, а Европа сака борбите да продолжат

Трамп: Треба повеќе да се грижиме за мигрантите, да не завршиме како Европа

Европа има три недели да се договори за условите за капитулација на Украина

Орбан: Европа не е тоа што беше, иднината е во другите региони

„Билд“: Американските војници се повлекуваат од Европа

Мрачна прогноза на Медведев за Европа

Горан Наумовски