За една недела во Франција зголемен бројот на новозаразени со Ковид-19 за 25 проценти

Од:

Здравствените власти соопштија дека во Франција изминатата недела се зголемил бројот на новозаразени со Ковид-19 за 25 проценти.

Додека во францускиот регион Гранд Ест изминатите седум дена е регистрирана највисока стапка на инциденца односно има зголемување за 31 отсто во споредба со претходната недела.

Но, во исто време е забележано намалување на бројот на пациенти на интензивна нега.

Франција од 14 март ги укина најголемиот дел од мерките воведени поради коронавирус, вклучително и носење маски за лице во затворени простории и во јавниот превоз, како и сертификатите за влез во одредени установи.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Песков ја обвини Франција за лаги и кршење на договорите од Минск

Истражување: 73 отсто од Французите велат дека САД повеќе не се сојузници на Франција

Франција се обидува да ги обнови врските меѓу САД и Украина

Велика Британија е против едномесечен прекин на огнот во Украина

Ломбард: Европските трупи се спремни да заминат во Украина

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето