Од ескалацијата на конфликтот во Јемен, во март минатата година, па досега, во оваа држава на југот на Арапскиот Полуостров, се убиени 3.218 цивили, а 5.778 други се ранети, соопшти високиот комесар на ОН за човекови права, Зеид Рад ал Хусеин.
Како што јави ТАСС, тој притоа остро го осуди воздушниот напад на авиони на арапската коалиција, предводена од Саудиска Арабија, врз пазар во јеменскиот град Ал Хамис во вторникот на 15 март, при што загинаа 106 цивили.
– Масакрот предизвикан од воздишниот напад на пазарот во Ал Хамис во северозападен Јемен…, според бројот на загинатите, е еден од најголемите од почетокот на конфликтот, рече Хусеин.
Тој ги повика силите на арапската коалиција да презеемаат „ефикасни акции“ за да не дојде до нови случаи како овој во Ал Хамис, за кој побара да биде спроведена „транспарентна и независна“ истрага.