За еден ден одложено истрелувањето на „Минитман-3“

Од:

САД за еден ден го одложија пробното истрелување на интерконтиненталната балистичка ракета „Минитман-3“ заради проблеми со мерниот систем за гарантирање на безбедноста, соопштија вчера претставници на американските военовоздушни сили, пренесоа руските медиуми.

Се очекува истрелувањето да се изврши денеска меѓу 3 и 9 часот по локално време. Ракетата ќе се лансира од военовоздушната база Ванденберг, во државата Калифорнија, во правец на Маршалските острови во централниот дел на Тихиот Океан.

Ракетата, што треба да мине околу 6,7 илјади километри, ќе биде снабдена со вежбовна боева глава.

Во моментов САД располагаат со околу 450 ракети „Минитман-3“, стационирани во подземни силоси.

Во април министерот за одбрана на САД, Чак Хејгл, го одложи последното тестирање на таква ракета поради стравувања дека тоа може погрешно да се протолкува од Северна Кореја и да предизвика соодветна реакција.

Би можело да ве интересира

Вашингтон не сака да му помогне на Пекинг да развие технологии кои се закана за САД

Израел направи драстичен чекор, ја игнорираше Америка

Си-Ен-Ен: Почнаа преговорите меѓу Америка, Израел и Катар за прекин на огнот во Газа

Џеј-Ди Венс повика на преговори со Русија

Гејтс донираше огромна сума пари за Камала Харис, истото го направија и други американски милијардери

Горан Наумовски

ВИДЕО: Масакр кај Сиетл,15-годишник уби петмина

Катерина Ѓуровски