„Which“: „Рајанер“ има најлош однос кон корисниците на услугите во Англија

Од:

Нискотарифната авиокомпанија „Рајанер“, според читателите на магазинот „Which“, има најлош однос кон корисниците на нивните услуги од вкупно 100 најголеми англиски брендови.

Овој англиски магазин спроведе анкета во која од потрошувачите побара да ја оценат компанијата врз основа на стручноста на песроналот и нивниот однос и способност да се носат со појавените проблеми во текот на работата.

Авиокомпанијата „Рајанер“ доби оценка двојка (на скалата од еден до пет) во секоја категорија, што им донесе вкупен рејтинг од 54 отсто, најнизок од сите 100 компании кои се најдоа на листата.

Еден од потрошувачите кои учествувале во оценувањето навел дека неодамна патувајќи со оваа авиокомпанија почуствувал многу „агресивно и непријателско однесување кон патниците“. Тој додал дека персоналот на авиокомпанијата е „непристоен и непријатен“, а уште еден патник оценил дека оние кои патуваат со „Рајанер“ имаат многу лош третман и дека персоналот кон нив се однесувал како во авионот да се пречка, а не некој кој платил за услуга.

Тоа навело многу патници да се изјаснат дека во иднина нема да гледаат да штедат малку пари заради лошето однесување кон нив и дека се подготвени да платат и повисока цена на билетот за да добијат подобар третман.

„Рајанер“, меѓутоа, не смета дека ова истражување ќе го наруши кредибилитетот на компанијата, а нивниот претставник за печат изјави дека компанијата на својот сајт направила свое истражување и дека од три милиони патници кои учествувале во анкетата само двајца слушнале за магазинот „Which“.

– Истражувањето на „Рајанер“ непобитно докажува дека магазинот „Which“ нема поим за навиките на патниците, бидејќи тие се премногу зафатени со резервирање на нашите евтини летови и користењето на погодностите што компанијата ги нуди, пишува во соопштението на компанијата.

Најдобро оценет бренд во истражувањето на магазинот „Which“ е производителот на козметички производи LUCH, а од компаниите што се занимаваат со патувања високо се пласира и „Бритиш Ервејс“ и „Томсон“, додека „Вирџин“ на листата се најде на 51 место.

Би можело да ве интересира

Голем број пабови во Англија и Велс се затворени

Европските и светските претставници го осудија убиството на британската пратеничка

Емир Латифовиќ

Скандал во Бакингам: Принцот Ендру имал секс малолетничка?

Емир Латифовиќ

Камила и принцот Чарлс се разведуваат?

Емир Латифовиќ

Британски рокер осуден на 35 години затвор поради педофилија

Емир Латифовиќ

Дивеењето на „Свети Јуда“ уби деветмина Европјани

Емир Латифовиќ