Европските и светските претставници го осудија убиството на британската пратеничка

Од:

Европските и светските претставници денешното убиство на британската пратеничка на Лабуристите, Џо Кокс го оценија како трагедија и напад врз демократијата.

– Таа беше посветена и грижлива членка на Парламентот. Моите мисли се со нејзиниот сопруг Брендан и нејзините две мали деца, напиша на Твитер британскиот премиер Дејвид Камерон.
Американскиот државен секретар Џон Кери убиството на Кокс го оцени како напад врз демократијата.

– Тоа е напад врз сите на кои им е грижа за демократијата и кои веруваат во неа, истакна Кери.
Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск на Твитер објави дека е погоден од смртта на Кокс и изрази сочувство до нејзиното семејство.

Францускиот премиер Мануел Валс изрази длабоко жалење поради смртта на британската пратеничка, додавајќи оти со нејзиното убиство погоден е идеалот на демократијата.

Британската пратеничка Џо Кокс (41) почина попладнево во болница, како последица на тешките повреди што ги здоби откако беше застрелана и нападната со нож во близината на англискиот град Лидс.

Кокс како пратеничка на опозициската Лабуристичка партија, престојуваше денеска во својата изборна единица Бирстол, каде учествуваше во кампањата на „Посилни во ЕУ“, која се залага за останување на Велика Британија во Унијата.

Полицијата на Западен Јоркшир соопшти дека уапсила маж на 52-годишна возраст, поради сомение дека тој го извршил нападот, но засега нема детални информации од истрагата, која е се уште во тек.

Би можело да ве интересира

Голем број пабови во Англија и Велс се затворени

Скандал во Бакингам: Принцот Ендру имал секс малолетничка?

Емир Латифовиќ

Камила и принцот Чарлс се разведуваат?

Емир Латифовиќ

Британски рокер осуден на 35 години затвор поради педофилија

Емир Латифовиќ

Дивеењето на „Свети Јуда“ уби деветмина Европјани

Емир Латифовиќ

„Which“: „Рајанер“ има најлош однос кон корисниците на услугите во Англија

Емир Латифовиќ