Втор случај на „свински грип“ во Шкотска

Од:

Едно 18-месечно бебе е итно префрлено во болницата во шкотската област Дамфрис и Галовеј, откако анализите утврдија дека е заболено од грипот од типот А (Х1Н1), попознат како „свински грип“.

Ова е втор официјално регистриран случај на заболен од овој тип на грип, по една 27-годишна Шкотланѓанка од Дамфрис, која итно е префрлена во специјалната болница во Лестер.

Лекарите соопштија дека таа и натаму се наоѓа во критична сосотјба, но дека вкупната состојба на здравјето е стабилна. Жената која била бремена, паднала во несвест во текот на погребот на нејзнината мајка.

Кога анализите покажале дека таа е заразена со вирусот Х1Н1, веднаш била породена со помош на царски рез, за да се спаси детето и за да и се помогне на мајката.

Според лекарите, бебето е здраво и е во добра состојба. Претставник на здравствените власти во Шкотска побара од сите кои се во т.н. ризични групи, како што се бремените жени, многу малите деца и возрасните, веднаш да се вакцинираат против вирусот на грипот од типот А (Х1Н1).

Би можело да ве интересира

МЗ: Вакцина против сезонски грип примиле 50 илјади граѓани

А1он

Започнува вакцинацијата против сезонски грип

А1он

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

ВИДЕО: 77 китови се насукаа и угинаа на брегот на Шкотска

Новиот шкотски премиер Џон Свини верува во независност за пет години

Горан Наумовски

ИЈЗ: Се намалува бројот на заболени од грип, досега починале 14 лица

Горан Наумовски