Во Чиле денеска се одржува втро круг од претседателските избори на кој учествуваат милијардерот и поранешен претседател Себастијан Пињера (68) и левичарскиот новинар и сенатор Алехандро Џилер (64).
Пињера се смета за фаворит. Тој во првиот круг доби 36 отсто од гласовите, но помалку отколку што очекуваше, додека неговиот противкандидат освои 22 проценти.
Пињера во кампањата ветуваше намалување на даноците за бизнис поради одржување на економскиот раст, како и отпочнување на четиригодишен план во вредност од 14 милијарди долари, во кој би биле вклучени нови инвестиции во инфраструктуирата.
Кампањата на Џулер беше насочена за продолжување на планот на актуелната претседателка на Чиле, Мишел Бешлет за зголемување на данокот за корпорациите, од што делумно би се финансирала реформата на образованието, реформирањето на Уставот и подобрување на пензискиот и здравствениот систем.
Право на глас имаат околу 14,3 милиони граѓани на Чиле.