Втор круг избори во Франција

Од:

Во Франција денеска се одржува вториот круг парламентарни избори на кои фаворит е Социјалистичката партија на Претседателот Франсоа Оланд.

Инаку, според истражувањата, во парламентот кој го сочинуваат 577 пратеници, за прв пат по десет години, социјалистите би можеле да го имаат мнозинството.

Во првиот круг пред една недела, избрани се 36 пратеници, кои во својата изборна единица освоиле повеќе од 50% гласови. Во вториот круг влегоа кандидатите кои освоиле најмалку 12.5% од гласовите од вкупниот број запишани гласачи во изборната единица.

Гласањето започна во осум часот утринава и ќе трае до 20 часот, кога ќе бидат соопштени и првите резултати од гласањето.

Би можело да ве интересира

Русија: Франција и Обединетото Кралство подготвуваат планови за воена интервенција во Украина

Франција на граѓаните им испраќа и „прирачник за преживување“ во случај на војна

Бела куќа: Апсолутно е невозможно САД да ја вратат Статуата на слободата во Франција

Став на Франција за царините на Трамп: Нашиот одговор може да оди чекор понатаму

Песков ја обвини Франција за лаги и кршење на договорите од Минск

Истражување: 73 отсто од Французите велат дека САД повеќе не се сојузници на Франција