Втор ден од турската операција во северна Сирија

Од:

Турското Министерство за одбрана денеска на вториот ден од офанзивата соопшти дека се проширени целите на дејствување против курдските милиции во северна Сирија.

Според турските медиуми, две сириски села во пограничното подрачје се „исчистени од терористите“.

Во исто време курдските единици возвратија и во судирите во близина на градот Рас ал Ајин убиени се 14 турски војници.

Курдите тврдат и дека уништиле четири тенкови на влезот од Тел Абијад, при што загинаа пет војници. Тие, исто така, тврдат и дека ја одбиле турската копнена офанзива во североисточна Сирија.

Рас ал Ајин е првиот сириски град што турските вооружени сили го нападнаа во операцијата наречена „Извор на мирот“.

Турски трупи и нивните сириски бунтовнички сојузници вчера навлегоа во североисточна Сирија, со што почна турската инвазија, при што загинаа 15 цивили, а 20 се повредени. Турската офанзива почна само неколку денови откако американските сили се повлекоа од тоа подрачје.

Претходно, Си-Ен-Ен Турк јави дека од сириска територија синоќа истрелани се три проектили врз турскиот пограничен град Акчакале во округот Шанлаурфа. Се уште нема информации за жртви, предизвикана е само материјални штети врз неколку куќи во градот.

Турската инвазија наиде на осуда од меѓународната заедница, а Обединети нации и Арапска лига ќе одржат вонредни состаноци.

Турција тврди дека во операцијата во северниот дел на Сирија ќе биде „пропорционална, одмерена и одговорна“.

Турскиот амбасадор во ОН, Феридун Синирлиоглу во писмо испратено до Советот за безбедност на ОН наведе дека турската операција во северниот дел на Сирија ќе биде „пропорционална, одмерена и одговорна“.

– Како што беше случај и во претходните антитерористички операции, турскиот одговор ќе биде пропорционален, одмерен и одговорен. Операцијата е насочена само кон терористите и нивните засолништа, воени позиции и магацините за оружје, посочи турскиот амбасадор во ОН, Феридун Синирлиоглу.

Тој потенцира дека се преземени сите мерки за заштита на цивилното население.

Синирлиоглу истакна дека Турција дејствува во согласност со членот 51 од Повелбата на ОН, што се однесува на индивидуално или колективно право на самоодбрана при вооружен напад.

Во меѓувреме, претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган се закани дека ќе ги „отвори вратите“ за сириските бегалци од неговата земја кон Европа, одвивајќи ги критиките на Европска Унија за тековната воена офанзива во североисточна Сирија.

– Вие не можете да ја оквалификувате нашата операција како инвазија. Тогаш ќе ги отвориме вратите и ќе испратиме 3,6 милиони бегалци, изјави Ердоган во Анкара во порака до ЕУ.

Тој додаде дека турската воена операција е насочена само кон „елиминирање на теророт“.

Би можело да ве интересира

132 лица загинаа во конфликтот меѓу режимските сили и џихадистите во Сирија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел