Втор ден на масовни протести во Мадрид на плоштадот Plaza de Neptuno

Од:

Илјадници Шпанци се собраа втор ден по ред на плоштадот во Мадрид Plaza de Neptuno во знак на протест против новиот бран мерки за штедење. Вчерашниот протест уследи еден ден после жестоките судири со полицијата кои се случија по обидот демонстрантите да се упатат кон зградата на Парламентот.

Актуелните протести, меѓу другите ги организира групата Indignados (огорчени). Многумина извикуваа “Владо оди си” и носеа препознатливи плакати на кои пишуваше “Не”. Полицијата формираше голем кордон пред Plaza de Neptuno, но по некое време попуштија и демонстрантите почнаа масовно да влегуваат на плоштадот кој се наоѓа на само неколку стотини метри од зградата на Конгресот.

Во текот на вчерашниот собир беа поделени голем број на памфлети во кои луѓето се предупредуваа да не ги прават “истите грешки како во вторникот”, и не да ја предизвикуваат полицијата, бидејќи со тоа им даваат повод за разбивање на собирот. Се разбира, добро познато дека основната тактика на полицијата е да реагира на најмала провокација, ако така им е наредено. Но, гледајќи ги видео записите од овој Вторник, јасно е дека полицијата навалува на луѓето без никаква причина.

Помали судири избија вчера меѓу самите демонстранти, но до интервенција на полицијата не дојде. Демонстрантите повикуваа на нови избори, велејќи дека владата го изгуби сиот легитимитет со воведување на нови резови. Банката на Шпанија вчера изјави дека еден од 4 луѓе се соочуваат со невработеност и дека земјата се наоѓа во “длабока депресија.”

Ширум целата земја се одвиваат бројни иселувања, бидејќи илјадници не се во можност да плаќаат банкарски кредити. Многумина, се огорчени од фактот дека владата најави резови во здравствениот, образовниот и јавниот сектор а парите ќе одат директно за спасувањето на проблематичниот банкарски сектор.

Премиерот Маријано Рахој денес би требало да го одобри буџетот за 2013 година. Се очекува овој потег да доведе до уште поголем гнев кон него. “Рахој ќе се соочи со многу тежок крај на годината во однос на прашањето на социјалното незадоволство”, изјави Антонио Баросо, политички аналитичар во “Eurasia Group”.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата