Врховната рада на Украина одобри повлекување од повеќе договори во рамки на ЗНД

Од:

Парламентот на Украина, Врховната Рада, одобри повлекување на земјата од низа договори во рамки на Заедницата на независни држави (ЗНД), изјави денеска Тарас Мелничук.

– Предлог-закон за повлекување од Договорот на ЗНД за меѓудржавниот резерват на биопрепарати и други производи за заштита на животните, предлог-закон за повлекување од Договорот за поддршка и развој на малите бизниси од ЗНД“, напиша пратеникот Тарас Мелничук на Телеграм, пренесува ТАСС.

Притоа, пратениците го усвоија предлог-законот за повлекување од Протоколот за измени на Договорот за меѓудржавна курирска комуникација.

Според Мелничук, тие договори биле или бескорисни или застарени, додека спроведувањето на договорот за курирска комуникација, особено за испраќање официјални документи преку Москва, ги загрозува националните интереси на Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украинците објавија снимка и тврдат: Ова се севернокорејски војници во Русија

Нема да се измориме од помагање на Украина порача шефот на НАТО

Русите ja враќаат територијата во Курск

Објавени нови воени карти за позициите на Украина и Русија во регонот на клучниот град во Донецк

Русите ја зазедоа Михаиловка

(ВИДЕО) Зеленски: Голема битка за Курск, ситуацијата во Доњецк и Запорожје е тешка

Предраг Петровиќ