Враќањето деца од конфликтни зони е „хуманитарна должност“

Од:

За време на расправата што се одржа денеска во Стразбур, Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) изрази загриженост за состојбата на децата во Сирија и Ирак чии родители, за кои се смета дека и се заколнале на верност на ИД, се државјани на земји членки на Советот на Европа, јави дописникот на МИА од Стразбур.

Во усвоената резолуција се посочува дека овие деца, напуштени во кампови и центри за притвор, живеат во ужасни услови, немаат храна, пристап до вода за пиење, медицински услуги и се изложени на ризици од насилство, експлоатација и сексуална злоупотреба и радикализација.

Истакнувајќи ја „екстремната поларизација на мислењата за репатријација на овие деца во земјите членки“, парламентарците потсетија дека тие не се одговорни за постапките на нивните родители, ниту за ситуациите во кои тие се наоѓале.

Имајќи предвид дека земјите членки ја ратификуваа Конвенцијата на Обединетите нации за правата на детето, тие „се обврзаа да гарантираат дека децата погодени од вооружен конфликт имаат заштита и за нив е потребна грижа“.

ПССЕ исто така препорача Комитетот на министри и Европската Унија да се грижат за борбата против тероризмот, да се занимава со прашања во врска со децата, да ги става во прв план најдобрите интереси на детето и да обезбедуваат соодветна заштита на детските права.

Би можело да ве интересира

Грушко: Русија не планира враќање во Советот на Европа

Ана Ололовска

Путин предлага раскинување на 21 договор на Советот на Европа кои се однесуваат на Русија

Ана Ололовска

Унгарија ставена под мониторинг на парламентарците од Советот на Европа за владеењето на правото

Ана Ололовска

СЕ: Војната во Украина, Ковид-19 и климатските промени – главни предизвици за националните малцинства во Европа во 2020-2022 година

Ана Ололовска

Пејчиновиќ- Буриќ: Почитувањето на принципите на демократска безбедност бара политичка волја

Ана Ололовска

Косово официјално аплицираше за членство во Советот на Европа

Ана Ололовска