Врачена Нобеловата награда за мир на Малала и на Сатјарти

Од:

Нобеловата награда за мир за 2014 година врачена беше денеска во Осло на 17-годишната Малала Јусуфзаи од Пакистан и на Кајлаш Сатјарти од Индија поради нивната борба за правата на децата.

Малала изјави дека се надева оти таа награда ќе ги инспирира сите девојки во светот да се борат за своите права.

Таа е најмлада добитничка на Нобеловата награда за мир додека Сатјарти е на 60-годишна возраст.

Претседателот на норвешкиот Нобелов комитет Торбјерн Јагланд изјави дека сите деца имаат право на детство и образование, а не на принудна работа, истакнувајќи дека овогодишните победници најдобро ја одразуваат совеста на светот.

Би можело да ве интересира

Белоруски, руски и украински активисти добитници на Нобеловата награда за мир

Ана Ололовска

Утре почнува неделата на соопштување на лауреатите на Нобеловите награди

Ана Ололовска

Европскиот парламент го номинира Зеленски за Нобелова награда за мир

Ана Ололовска

Повеќе од 300 кандидатури за Нобеловата награда за мир во услови на војна во Украина

Ана Ололовска

Атенборо, СЗО, НАТО, Навални и Тихановскаја меѓу кандидатите за Нобелова награда за мир

Ана Ололовска

Доделувањето на Нобеловата награда за мир за 2021 година ќе биде со лично присуство во Осло

Ана Ололовска