Врач од Кенија предвидува победа за Обама

Од:

Претседателот на САД, Барак Обама ќе биде по втор пат избран на таа функција, претскажува врачот Џон Димо од родното село на таткото на Обама во Кенија.

Димо по гатањето кое се состои од користење на различни предмети и коски на животни, рече дека Обама сигурно ќе победи.

Димо кој за себе тврди дека има 105 години, вели  дека оваа техника на претскажување ја научил од својот татко и дека е уверен во тоа што го зборува.

Обама е син на белкиња од Канзас и црнец од кенија, каде што има пет полубраќа и полусестри. Полубратот на Обама Малик Обама изјави пред два дена дека семејството не гледа причина зашто Барак не би требало да биде избран за уште еден мандат.

 

Би можело да ве интересира

САД го бомбардира Јемен, Хутите му се одмаздуваат на Израел

(ВИДЕО) Малолетници ја пробија вратата на продавницата и украдоа оружје

А1он

Карасин: Русија и САД ги продолжуваат преговорите со меѓународно посредништво

Тајмс: Путин се обиде да манипулира или измами пет американски претседатели

Драма во Тексас: Експлозиви пронајдени во просториите на „Тесла“

Преговорите меѓу Русите и Американците завршија