Вработените кај Елизабета Втора на работ на сиромаштијата

Од:

Британската кралица Елизабета Втора се најде на мета на критики кога е издаден огласот дека се бараат хигиеничарки за палатата Виндѕор, чија плата е 78 пени помала од границата на сиромаштијата.

Ова е инаку Недела на минималната заработувачка, само неколку недели откако лабуристичкиот лидер Ед Милибанд излезе со програма на партијата за обезбедување плата на работниците која ќе може да ги задоволи трошоците за живот.

Борците за правата на работниците од организацијата „Ливинг вејџ“, бараат заработката на час да биде најмалку 7,45 фунти надвор од Лондон, а во Лондон 8,55 фунти.

Огласот, меѓутоа, неодамна поставен на сајтот на Бакингамската палата за местото хигиеничарка нуди 6,67 фунти по час, што е само 47 пени над државниот минималец – што е еднакво на годишна плата од 13.000 фунти.

Портпаролот на Бакингамската палата одби да ја коментира оценката дека кралицата на овој начин дава лош пример за другите работодавци.

Би можело да ве интересира

Бизарна кражба во тоалет во ресторан во Англија – сопственикот е шокиран

А1он

Затворени 300 пабови: 4.500 луѓе останаа без работа

(ВИДЕО) Маж запали Куран пред турскиот конзулат во Лондон

Масовно затворање пабови во Англија

А1он

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија