(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Се урна балкон во ноќен бар во Мексико, има загинати и повредени

Од:

Две лица загинаа, а 15 се повредени при уривање на балкон во ноќен клуб во мексиканскиот град Сант Луис Потоси, соопшти државната служба за цивилна заштита на Мексико (ЦЕПЦ). Несреќата се случила во ноќниот клуб Рич, во локалниот трговски центар Алтус, пишува мексиканскиот весник Миленио.

Наводно клубот немал соодветни дозволи за работа и дека директорот на трговскиот центар Маурицио Ордаз Флорес изјавил дека Државната служба за цивилна заштита извршила проверка на 15 март и утврдила дека клубот не ги исполнува безбедносните стандарди.

ЦЕПЦ потоа побара од раководството на клубот да ги исполни потребните услови за да може да се издаде работна дозвола.

Локален функционер на прес-конференција изјави дека една од оградите на третиот кат од трговскиот центар се срушила под притисок на луѓето.

Тој додаде дека е констатирано дека во клубот се одржувал настап на пејач, иако управата на објектот не поднела барање до надлежните органи за настап и немало одобрение од ЦЕПС да го реализира тој настан.

Би можело да ве интересира

Трамп ги одложи царините за Мексико

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски

Претседателката на Мексико нареди контратарифи на одлуката на Трамп

А1он

Трамп: Царините од 25 отсто за Канада и Мексико ќе стапат на сила утре

Трамп испрати уште 1.500 војници на границата со Мексико

(ВИДЕО) Страв и паника кај миграните: Тихуана е во вонредна состојба