ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Потресни снимки од жртвите на снежното невреме во Пакистан

Од:

Најмалку 26 лица загинаа откако обилниот снег ги зароби во возила во северен Пакистан. Армијата се обидува да ги расчисти патиштата и да ги спаси оние кои се уште се заробени во близина на планинското одморалиште Мури.

Околу 1.000 возила останаа заглавени на автопатот за време на снежната бура, изјави министерот за внатрешни работи шеик Рашид, цитиран од Би-Би-Си.

Мури е планинско одморалиште северно од главниот град Исламабад.

Локалните медиуми во петокот објавија дека туристите останале заглавени поради снегот. Повеќе од 100.000 автомобили влегоа во Мури во последните денови за да ги видат невообичаено обилните снежни врнежи.

Ова предизвика огромен сообраќаен метеж на патиштата кои водат кон и од градот, соопшти полицијата.

Полицијата соопшти дека најмалку шест лица се замрзнале во своите автомобили, но се уште не е јасно како другите починале. Како можна причина се наведува гушењето по вдишување на испарувањата.

Рашид додаде дека владата ги повикала армијата и цивилните вооружени сили на итни операции за спасување на „речиси илјада“ возила кои сè уште се заглавени.

Сите патишта до Мури ќе бидат затворени за туристи и отворени само за луѓето кои обезбедуваат помош за оние кои се уште се заробени, додаде министерот.

Би можело да ве интересира

Родители осудени на доживотен затвор, ја убија ќерката затоа што одби договорен брак

А1он

155 патници се спасени од воз киднапиран од пакистански сепаратисти

Вооружени напаѓачи убија седум патници во автобус во југозападен Пакистан

Имран Кан e осуден на 14 години затвор

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски