Шестнаесетгодишниот руски фудбалски голман Иван Заборовски е пренесен на интензивна нега откако вчера бил удрен од гром додека тренирал на локален стадион во местото Орехово, во околината на Москва.
На снимката може да се забележи дека немало невреме, ниту дожд во моментот на застрашувачкиот удар, по што се крева прашина, а играчот паѓа на теренот. Според првичните информации, Заборовски се наоѓа вон животна опасност.
„Сè се случи многу брзо, а брзата помош пристигна за само осум минути. Најверојатно тој престанал да дише и добил прва помош, се надеваме дека со него ќе биде сè во ред,“ изјави тренерот на клубот „Знамја труда“.