Воздушни напади врз позициите на ИД во сириската провинција Хомс

Од:

Коалициските сили предводени од САД денеска првпат нападнаа цели на Исламска држава во централната сириска провинција Хомс.

Мета на нападот беше градот Минбеџ, како и повеќе засолништа на џихадистите во провинцијата Рака, соопшти сириската Опсерваторија за човекови права.

– Американско-арапската коалиција првпат нападна бази на ИС во источната провинција Хомс, истакна директорот на Опсерваторијата Рами Абдел Рахман.

Во источната провинција Алепо коалициските сили погодија неколку цел на џихадистите во Минбеџ, како и во градот Рака.

Според Опсерваторијата најмалку 31 експлозии се слушнале во градот Рака и околината.

Напади се изведени и во околината на градот Табка, како и врз неколку кампови за обука на џихадистите.

САД и арапските сојузници во вторникот ги почнаа воздушните напади врз ИД во северниот и источниот дел на Сирија.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад