Возач изгубил контрола над автобусот во Бразил – десет мртви, меѓу кои и две деца

Од:

Десет лица, меѓу кои две деца, загинаа денеска во сообраќајна несреќа на автобус во југоисточниот дел на Бразил, а 18 повредени се пренесени во болница, соопштија пожарникарите.

Се претпоставува дека возачот на автобусот, во кој се превезувале 45 патници, изгубил контрола над возилото, кое ја преминало заштитната ограда на средината на автопатот пред да се преврти, се објаснува во соопштението на противпожарната служба.

Несреќата се случила синоќа во близина на општината Арагуари во државата Минас Жераис.

Меѓу 18-те лица кои се пренесени во болница, некои се во тешка состојба, велат пожарникарите.

Властите соопштија дека автобусот сообраќал меѓу централната држава Гојас и југоисточниот дел на Сао Паоло.

Во декември, 41 лице загина во автобуска несреќа во истата држава Минас Жераис, што е најголем број на смртни случаи во земјата од 2007 година. Несреќите со фатални последици се вообичаени на патиштата во Бразил, огромна земја со слабо развиена железничка мрежа.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Националниот парк Плитвички Езера, повредени се шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Несреќа во Грција: Огромен кран падна врз куќа, неколку лица се повредени

Мајка и татко загинаа спасувајќи го деветмесечното бебе од водите на Дунав

А1он

Кумановец повреди двајца учесници на европските младински олимписки игри

Се урна тунел во Лос Анџелес: Спасени се повеќе од 30 работници

Жена од Јапонија паднала кај Канео, била во бесознание па е згрижена во болницата „Свети Еразмо“

Горан Наумовски