Воведен полициски час во Париз и Лион – уапсени се најмалку 2.400 лица

Од:

Француските власти воведоа полициски час во одредени делови на Париз, додека во Лион беа најавени ноќни ограничувања за собирања и демонстрации, по насилните немири што за време на викендот потресоа неколку француски градови.

Полицијата го забрани движењето во одредени делови на главниот град во текот на ноќта меѓу понеделникот и вторникот, а беа воведени и дополнителни мерки за забрана на собирања и носење опасни предмети.

Според соопштението од париската полициска префектура, полицискиот час е во сила од понеделник, 19 октомври, во 23:00 часот, до вторник, 20 октомври, во 06:00 часот наутро.

Ограничувањата се однесуваат на одредени делови од француската престолнина, вклучувајќи го централното подрачје околу Плоштадот на Републиката (Place de la République), каде што за време на викендот се собираа демонстранти, како и трговската зона „Ле Ал“ (Les Halles).

Париската полиција, исто така, воведе посебна забрана за собирања, која стапува на сила во понеделник во 20:00 часот и трае до вторник во 06:00 часот наутро.

Како дел од воведените мерки, забрането е носење оружје, пиротехнички средства и опасни запаливи материи, вклучувајќи бензин, масло и гас.

Одлуката доаѓа по викендот во кој демонстрантите се собираа на Плоштадот на Републиката и на други локации во главниот град, при што властите се обидоа да спречат понатамошни инциденти и насилни судири.

Полицискиот час не важи за целиот Париз, туку само за одредени области опфатени со одлуката на полициската префектура.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Речиси 300 повредени во протестите во Франција, блокирани 49 училишта

Горан Наумовски

Франција: 779 уапсени демонстранти, има повредени полицајци во судирите

(ВИДЕО) Протести во Франција – хулигани кршеа пињата со ликот на претседателот Макрон

А1он

Француската левица повикува на нов бран протести: „Министерот не е тој што треба да одлучува“

Макрон се обидува да ја смири Франција, полицијата се подготвува за нови немири

А1он

ВИДЕО: Полициски час во Париз и поголемите француски градови