Вооружениот напаѓач кој уби 15 луѓе во Њу Орлеанс немал соучесници

Од:

Човекот кој влета со пикап во толпа на улицата Бурбон во Њу Орлеанс, убивајќи 15 и рани најмалку 36, е идентификуван како 42-годишниот Шамсуд Дин Џабар, американски државјанин од Тексас.

ФБИ потврди дека инцидентот се третира како терористички акт и дека сторителот е убиен по нападот.

Властите ја истражуваат и експлозијата на возило „Тесла сајбертрак“, што се случи пред хотелот на Трамп во Лас Вегас, Невада, како можен терористички чин. Во експлозијата загина едно лице, а седум се повредени.

Надзорните камери го снимија возачот како вози покрај хотелот Трамп во Лас Вегас околу еден час пред експлозијата, а потоа се врти назад и застана пред хотелот, каде што возилото експлодираше неколку секунди подоцна.

Експлозивите пронајдени во возилото се опишани како пиротехника, плински боци и гориво за кампување, за кои властите веруваат дека биле поврзани со систем за детонација контролиран од возачот. „Тесла сајбертрак“ била изнајмена на Метју Алан Ливелсбергер, активен припадник на американската војска.

Би можело да ве интересира

ФБИ предупреди на опасност од имитација на напади во Њу Орлеанс

Горан Наумовски

Мажот кој загина во запалената „Тесла“ има прострелна рана во главата

Човекот кој загина во автомобил пред хотелот на Трамп бил припадник на Зелените беретки

Братот на терористот од Њу Орлеанс тврди: Тој беше добро момче паметен и грижлив

ФБИ ја истражува поврзаноста помеѓу експлозијата во Лас Вегас и нападот во Њу Орлеанс

Се зголемува бројот на загинати во престрелката во Њу Орлеанс