Вооружени напаѓачи убија момче и шест возрасни лица во мексиканско одморалиште

Од:

Вооружени лица вчера убија дете и уште шест ворасни откако упаднаа во одморалиште во централната мексиканска држава Гуанахуато во регион кој е се попогоден од насилството на нарко-картелите, соопштија властите.

Снимките споделени на социјалните мрежи ги покажаа последиците од нападот во туристичкиот град Кортазар со дланки, околу 65 километри јужно од градот Гуанахуато.

Не е јасно кој стои зад пукањето, во кое загина седумгодишно дете, тројца мажи и три жени, соопшти локалната служба за безбедност на Кортазар. Едно лице е тешко повредено во одморалиштето Ла Палма.

Во последниве години, ривалските нарко-картели водеа брутални битки за контрола на територијата и патиштата за шверц низ земјата.

„Дојдоа вооружени до заби со изнајмени атентатори „сикариос“ и еве што се случи“, рече неидентификуваниот маж, користејќи го терминот за изнајмени убијци додека снимаше во одморалиштето.

По нападот, напаѓачите побегнале, но не пред да ја оштетат продавницата во одморалиштето и да ги земат безбедносни камери и монитор, се вели во соопштението на Одделот за безбедност.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Серија разорни земјотреси, паника во Мексико

ВИДЕО: Мексиканец се обидел да киднапира авион и да го упати кон САД, го спречиле патниците

ДЕА: 15 милиони долари за информации што би довеле до апсење на Ел Менчо, водач на озлогласениот картел CJNG

А1он

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

Пукање во мексиканската држава Синалоа, 19 мртви, уапсен лидерот на локалниот картел

Се повеќе руски шпиони во Мексико, Путин ја таргетира Америка?

Предраг Петровиќ