Вооружени лица без ознаки на нивните униформи денеска упаднаа во јужниот јеменски пристанишен град Аден, јави ТАСС.
Според западни медиуми, вооружените лица, кои презеле контрола врз централните делови на Аден, се припадници на движењето на шиитските бунтовници Хути и нивни сојузници.