Вооружен маж во Грузија 12 луѓе држи во заложништво: Бара да му исплатат два милиони долари

Од:

Вооружен маж денеска упадна во филијалата на Банка на Грузија градот Кутаиси и 12 луѓе држи во заложништво, барајќи да му се исплати поголема сума пари, соопшти грузиското Министерство за внатрешни работи.

Полицијата започна истрага за терористички акт, земање заложници и носење оружје.

Според локалните медиуми на влезот од банката поставени се две експлозивни направи, кои би експлодирале ако се отвори вратата.

На една видео-снимка се гледа вооружен маж во маскирна униформа со маска на лицето, а женски глас вели дека бара за три часа да му се исплатат два милиони долари.

Во октомври 2020 година, вооружен маж зеде 43 заложници во експозитура на Банката на Грузија во градот Зугдиди, во западниот дел на земјата. Тој ги ослободил сите заложници и избегал со непозната сума пари и никогаш не бил пронајден.

Би можело да ве интересира

Захарова: Поради Зурабишвили, Грузија беше на работ на граѓански конфликт

(ВИДЕО) Илјадници Грузијци протестираа против владата на православниот Бадник

Кавелашвили ја презеде функцијата претседател на Грузија

Илјадници луѓе протестираат во Грузија пред инаугурацијата на новиот претседател

Кобахидзе: Либералниот фашизам нема шанси за победа

Михаил Кавелашвили е избран за претседател на Грузија