Непознат маж, извикувајќи „Алах е голем“, со нож нападна и повреди еден полицаец на границата меѓу Мароко и шпанската енклава Мелиља, соопшти локалната полиција.
– Полицијата уапси маж, кој со нож нападнал полициски службеник на граничниот премин Бени Ензар, изјави шпанскиот министер за внатрешни работи Хуан Игнасио Соидо.
Се претпоставува дека напаѓачот е Мароканец, а како што се наведува, полицаецот се здобил со исеченица на раката.