Вонредни безбедносни мерки за лондонскиот маратон што се одржува в недела

Од:

Вонредни мерки за безбедност ќе бидат спроведени за претстојниот маратон во Лондон, но традиционалното пролетни натпреварување низ улиците на британскиот главен град, нема да биде откажано-соопшти денеска министерот за спорт Хју Робертсон.

Лондон има исклучително големо искуство во организирањето на големи спортски натореварувања, а Велика Британија располага со најдобрите безбедносни професионалци во светот-рече министерот Робертсон во својата изјава за Би-Би-Си.

Тој остро ги осуди двата бомбашки напади во Бостон, за време на тамошниот маратон, во кои засега е потврдејна смртта на три лица. Според амерканската полиција, најмалку сто лица се потешко и полесно повредени во ексползиите што се случија во непосредна близина линијата на целта од трката.

Според британскиот министер, најдобриот начин за да се покаже солидарноста со Бостон е одржувањето на лондонскиот маратон, предвиден за во недела.

Британскиот минстер за внатрешни работи Тереза Меј, оддржа состанок со заменик комесарит на Скотланд Јард Кресида Дик и со директорот на контраразузнавачката агенција МИ5 Џонатан Еванс, но во Лондон е соопшетно дека нема да се состане специјалниот комитет КОБРА кој се собрира при вонередни ситуации.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот