Вонредна состојба во Велика Британија поради високите температури

Од:

Британската национална метеоролошка служба денеска прогла си вонредна состојба и издаде предупредување за екстремни горештини за делови во земјата во понеделник и во вторник. Се тврди дека температурите може да бидат рекордни.

– Вонредни, можеби рекордни, температури се веројатни во понеделник, а потоа и во вторник, соопшти службата на својот сајт.

Во Велика Британија „веројатно и ноќите ќе бидат исклучително топли, особено во градските области“, што се чини во голема мера „ќе влијае врз луѓето и врз инфраструктурата“.

Највисоката евидентирана температура во Велика Британија изнесува 38,7 степени Целзиусови и регистрирана е на 25 јули 2019 година во Ботаничката градина на универзитетот Кембриџ.

Претходно оваа недела, британската национална метеоролошка служба и Агенцијата за здравствена безбедност на Велика Британија издадоа предупредување за високи температури од трето ниво за југоисточниот и за источниот дел на земјата и за Лондон, како и предупредување од прво ниво за северниот дел.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година