Вонредна седница на СБ на ОН за Украина

Од:

Вонредна седница на Советот за безбедност на ОН за Украина, почна вечерва на барање на Русија.

Постојаниот претставник на Русија во ОН Виталиј Чуркин повика на прекин на насилствата во југозападниот дел на Украина, пренесува ИТАР-ТАСС.

Чуркин на седницата на СБ на ОН нагласи дека киевските власти ги уништиле и последните надежи за спроведување на договорот постигнат на 17 април во Женева за решавање на украинската криза.

Режимот во Киев, охрабрен од западните спонзори, употреби масовна воена сила и на тој начин целосно ги уби последните надежи за остварување на Женевскиот договор, истакна рускиот претставник.

Британскиот амбасадор во ОН Марк Лајач-Грант ја повика Русија да се воздржи од силна реторика и пропагнада и да се насочи кон деескалирање на опасната ситуација. Тој нагласи дека „мирните активисти“ како што ги нарекува Русија немаат средства да урнат украински хеликоптери.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми