Воздушните напади, кои се извршуваат од САД и меѓународната коалиција во Сирија повеќе од три месеци, не успеале да го спречат ширењето на влијанието на џихадистичката група Исламска држава (ИД), пишува весникот „Волстрит џурнал“.
– Додека во Ирак стотиците ракети и бомбашки напади на САД ја принудија ИД да премине во одбрана, во Сирија истите тие немаа таков ефект. И не само тоа, туку џихадистите ја проширија територијата која е контролирана од нив во Сирија по почетокот на воздушните напади, се наведува во текстот.
Успехот на ИД во Сирија се должи и на фактот што понекогаш кон групата се приклучуваат и претставници на опозицијата.
Според изворите на „Волстрит џурнал“, Вашингтон има намера да ги одложи активните дејствија во Сирија, но да се фокусира на Ирак додека не се доволно обучени и вооружени опозициските сили. Според експерти, тоа може да трае долги години.