Волф: Демонизацијата на Русија служи како покритие за европското вооружување

Од:

Американскиот економист и професор на Универзитетот во Масачусетс, Ричард Волф, оцени дека Европа се обидува да го претстави проектот за вооружување како политичка неопходност со демонизирање на Русија.

Зборувајќи на YouTube каналот на политикологот Глен Дизен, Волф изјави дека, како што рече, „безумното воено вооружување“ може да се оправда само ако се создаде јавна слика за застрашувачки непријател.

„Може да се оправда со демонизација. Мора да се создаде слика за непријател од кој сите се плашат“, рече Волф.

Волф потсети дека западните општества со години биле учени за време на Студената војна да се плашат од Советскиот Сојуз и дека, според него, истиот модел се применува денес во однос на Русија.

– И можеме да се погрижиме конфликтот во Украина да трае што е можно подолго, дури и додека не биде убиен последниот Украинец, сè додека е на насловните страници – како потсетник дека сме под закана, рече Волф.

Би можело да ве интересира

Калибаф: Откривањето на новиот ракетен град е јасна порака до непријателите на Иран

Кушнер: Путин е подготвен за мир под соодветни услови

Русија: Нема да се согласиме на примирје, без да знаеме што следи потоа

САД: „Подготвени сме за напад“

Багеи: Планот на Иран за ставање крај на војната е најлогичната патоказ

Ирак постигна договор со САД: Нафтата повторно ќе минува низ Ормутскиот теснец

Горан Наумовски