Војската на Мјанмар уби 80 демонстранти

Од:

Најмалку 80 цивили загинаа за време на оружената интервенција на армијата на Мјанмар на протестите во градот Баго против воениот преврат и апсењето на избраните членови на владата.

Според британскиот весник „Индипендент“, војниците во областа Ма Га Дит во градот Баго отвориле оган врз демонстрантите кои продолжиле да протестираат и покрај предупредувањата.

Очевидци тврдат дека војниците отвориле оган од тешко оружје врз демонстрантите и фрлале рачни гранати. Најмалку 80 лица се убиени во нападот.

Во градот Таму во Мјанмар, граѓаните поставиле заседа на воен конвој и убиле тројца војници.

Армијата на Мјанмар изврши воен удар на 1 февруари годинава и ја презеде власта во земјата под изговор дека изборите во ноември биле нерегуларни.

Војската прогласи едногодишна вонредна состојба и ги уапси владините лидери, вклучувајќи ја и премиерката на Мјанмар, Аунг Сан Су Чи.

Досега се убиени повеќе од 600 цивили за време на масовните протести поради пучот кои започнаа на 6 февруари. Уапсени се речиси 3.000 лица, а за 520 се распишани потерници.

Би можело да ве интересира

Во разорниот земјотрес во Мјанмар загина и Силиме која беше прва носителка на титулата „Мис туризам“

Се зголемува бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар

Пет дена по земјотресот спасен e маж од под урнатините во Мјанмар, досега се загинати 2.886 лица

Жена после 91 час е извлечена од урнатините по земјотресот во Мјанмар

Нов силен земјотрес го погоди Мјанмар: Повторно се тресе тлото

Горан Наумовски

ВИДЕО: Драстично зголемен бројот на жртви од земјотресот во Мјанмар

Катерина Ѓуровски