Војната со Украина нема да заврши наскоро, првите преговри ги минирала Британија објави Лавров

Од:

Нема сигнали дека војната ќе заврши со нов договор после првиот во Истанбул кој го минирала Британија, рече Лавров
Русија не очекува набрзо да седне на преговарачка маса и да постигне договор со кој ќе се стави крај на војната во Украина после речиси две години. Најголемата шанса за тоа била во Инстанбул, но според рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, договор бил миниран од тогашниот британски премиер Борис Џонсон.

– Зборувавме многи пати за ова, претседателот Путин беше конзистентен во сите говори и даде исцрпувачки одговори, но договорот не беше постигнат. Во Истанбул постигнавме договор и се беше подготвено да се реализира, но потоа дојде Борис Џонсон и рече не, продолжете ја војната.

Досега, не гледаме сигнали ниту од Киев ниту од западните земји, дека се подготвени за политички преговори, згора на тоа што Зеленски потпиша и декрет. Ако слушате што велат, повторуваат сам оедно, велат : Мора да ја поддржиме Украина со оружје. Никој не го крие фактото дека ЦИА ја помага оваа војна – рече Лавров.
Тој додаде дека нема за што да се разговара се додека западните дипломати не ги гледаат двете страни и не ги сфатат проблемите на Русија.

– Се обидуваме да сфатиме дека одговорите кои го добиваме од западните земји. Вчера го читав украинскиот устав пред сите дека тој гарантира права на сите малцинства вклучувајчи го и нивниот јазик и култура, религиозниот идентитет. Уставот забранува да не се остварат овие права. Никој не го зема ова во предвид, но тој што го зема во предвид, останува тивок.
Вие мислите дека ние онака решивме преку ноќ да влеземе во Украина и да започнеме војна. Но со месеци зборуавме за границите на НАТО. Договорот од Минск не се почитуваше – потенцира првиот човек на руската дипломатија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Германец осуден на смрт се појави на белоруската телевизија, во солзи го моли Шолц за помош

Предраг Петровиќ

Украина губи 2.000 војници дневно

Предраг Петровиќ

Приближно 32 отсто од Украинците се подготвени на територијални отстапки кон Русија за да се стави крај на војната

Руските сили ја презедоа контролата

Ако победи Трамп, финансискиот товар за помош на Украина ќе се промени на штета на ЕУ тврди Орбан

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Се шири снимка: „Украинец во цивилна облека истрела крстаречка ракета кон Русите од рамо“