Воени вежби во централен Иран, тестирани ракети со краток дострел

Од:

Копнените сили на иранската армија, успешно тестираа ракети со краток дострел за време на воените вежби во централниот регион во близина на градот Кашан, пренесува Press TV. Тестирани се ракети од домашно производство, Назет 10 и Фајр 5. Се нагласува дека Фајр 5 има домет од 75 километри, додека Назет 10 има домет од околу 100 километри.

Тековните воени вежби доаѓаат по тридневните воени вежби во југозападниот дел на земјата, во провинцијата Кузестан.

Како и досега, од иранската армија истакнуваат дека оваа и претходните воени вежби ги одржуваат исклучиво со цел за усовршување на иранската одбрана и дека иранската армија не претставува воена закана за ниедна земја во соседството.

Би можело да ве интересира

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Америка би можела да го нападне Иран пред 20 јануари

Арагчи: Никој не би преговарал со Иран да не беа неговите ракети

Шефот на разузнавачка служба е убиен во самоубиствен напад во Иран

Италијанска новинарка уапсена во Иран, се наоѓа во озлогласениот затвор Евин

А1он