САД објавија дека издвоиле 575 милиони долари за воена помош за Египет, замрзната по симнувањето од власт на претседтаелот Мохамед Морси минатата година.
Соопштението е објавено во момент кога американскиот државен секретар Џон Кери е во посета на Египет, само две недели откако поранешниот командант на египетската армија Абдул Фатах ал Сиси положи заклетва како претседател.
Официјални лица од Стејт департментот соопштија дека воената помош е одобрена за властите во Каиро пред десетина дена, откако добиле дозвола од Конгресот. Средствата ќе бидат искористени претежно за реализација на постоечки договори во областа на одбраната.