Воена вежба на НАТО со нуклеарно оружје и покрај заканите на Путин

Од:

НАТО следната недела ќе одржи планирана годишна воена вежба со нуклеарно оружје и покрај зголемените тензии поради војната во Украина и заканите на рускиот претседател Владимир Путин дека ќе ги искористи сите расположливи средства за одбрана на руската територија, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Вежбата наречена „Steadfast Noon“ се одржува секоја година и обично трае околу една недела. Таа предвидува распоредување на борбени авиони способни да носат нуклеарни боеви глави, но не и употреба на вистински бомби. Во вежбата учествуваат и други воздухопловни сили.

Четиринаесет од 30-те земји-членки на НАТО ќе бидат вклучени во вежбата, планирана пред рускиот напад врз Украина во февруари. Главниот дел од маневрот ќе биде на повеќе од 1.000 километри од Русија, изјави претставник на НАТО.

„Тоа би испратило многу погрешен сигнал ако одеднаш ја откажеме рутинската, долго планирана вежба сега поради војната во Украина. Тоа би бил апсолутно погрешен сигнал“, изјави Столтенберг за новинарите пред состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел.

 

Би можело да ве интересира

Макрон: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот и Киев не повика, Франција ќе размисли за испраќање војници

Предраг Петровиќ

Русите објавија дека ослободиле уште едно село

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Објава на руски војник стана вирална: „Добредојдовте во пеколот“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Русија објави дека Украина го нападнала Крим со проектилите кои тајно го доби од САД

Катерина Ѓуровски

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски