Денеска во Багдад се одржува воена парада со која што се прославува победата над Исламска држава, соопшти портпаролот на ирачката армија.
Парадата нема да се пренесува во живо, а следува откако ирачкиот премиер Хајдер ал-Абади вчера објави конечна победа над ИД и го прогласи 10 декември за државен празник.
Ирачките сили ги ослободија последните области под контрола на Исламска држава на границата со Сирија и ја обезбедија западна пустина, рече Абади, додавајќи дека тоа значи крај на војната против екстремистите.