Водостојот на Дунав во Унгарија на рекордно ниво

Од:

Унгарскиот Парламент ќе ја продолжи вонредната состојба воведена на почетокот на минатата недела, поради опасноста од поплави, изјави денеска премиерот Виктор Орбан.

Се очекува во Будимпешта максималното ниво на водостојот на Дунав да биде измерено вечерва, кога според прогнозите ќе достигна 8,95 метри, а изутрината изнесуваше 8,83 метри, со што е соборен петходниот рекорд од 2006 година.

Орбан изјави дека бранот поплави, кои ја зафатија централна Европа, се приближува кон Будимпешта и оти следните два дена ќе бидат одлучувачки.

– Сега треба да ги здружиме силите, рече тој.

Унгарија досега успеа да го избегне хаосот, кој најголемите поплавите во изминатите десет години го предизвикаа во другите делови на централна Европа.

Во цела Унгарија илјада лица беа евакуирани поради поплавите.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Новите санкции на ЕУ против Русија носат отстапки за Унгарија

Орбан: Торнадото на Трамп го промени светот, десницата е иднината

Орбан: Будимпешта нема проблем со „филозофијата на санкции“ кон Русија

Унгарија попушти, ЕУ ги продолжи санкциите кон Русија

Горан Наумовски

Унгарија: Најмалку 20 училишта евакуирани по закани за поставени бомби

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија