Двете најголеми индустриски корпорации од Тајван, „Хајвин технолоџи“ и „Адвантех“ потпишаа договор за создавање заедничка компанија која ќе произведува роботи што ќе се употребуваат во индустријата и во медицината. Корпорацијата „Хајвин“ веќе произведува роботи кои како софистицирани машини имаат примена во електронската индустрија, а во понеделникот, кога беше потпишан договорот за заедничка компанија беше прикажан прототип на робот кој може да ги замени нормалните функции на раце и нозе на инвалиди.
Новата компанија финансиски ја поддржува и владата на Тајван, која во вкупната инвестиција од 700 милиони учествува со 330 милиони долари. Инвестицијата ќе се исплати брзо, бидејки од продажба на роботите ќе се остваруваат по 250 д0 300 милиони долари месечно.