Водачот на „Муслимански браќа“ и исламистички духовник осудени на 20 години затвор

Од:

Египетскиот суд денеска ги осуди на по 20 години затвор високиот член на забранетата организација „Муслимански браќа“ Мохамед ел Белтаги и исламистичкиот духовник Сафуад Хегази за обид за убиство на двајца полицајци.

Белтаги и Хегази беа прогласени за виновни дека задржале и се обиделе да убијат полицајци за време на протестите против симнувањето од власт на претседателот Мохамед Морси, извршено од армијата во јули 2013 година.

Претставниците на властите, кои ги квалификуваат „Муслимански браќа“ како терористичка организација, тврдат дека некои од демонстрантите биле вооружени и стрелале кон припадниците на силите за безбедност.

Лекарите Мохамед Зенати и Азин Мохамед, кои укажувале медицинска помош на ранети демонстранти во полска болница за време на протестите, беа осудени на по 15 години затвор по истите обвиненија.

Денешните пресуди се дел од мерките на египетсите власти против движењето „Муслимански браќа“, чии приврзаници беа подложени на сериозни репресии по отстранувањето од власт на Морси.

Би можело да ве интересира

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро