Земјотрес со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди Хаити, откако земјата претходно ја потресе земјотерс со јачина од 5,9 Рихтери во кој загинаа најмалку 12 лица, а повредени се 188, соопшти локалниот Геолошки завод.
Епицентарот на последователниот потрес бил на длабочина од 10 километри, 15,8 километри североисточно од крајбрежниот град Пор де Пе.
Епицентарот на земјотресот што го погоди Хаити во саботата навечер бил на околу 20 километри северозападно од градот Пор де Пе, на длабочина од околу 11 километри, соопшти американскиот Геолошки завод.
Шефот на полицијата во северозападниот регион Џексон Хилеир претходно изјави дека во тој град загинале седум лица, додека повеќе од 100 се повредени, а уште четири лица настрадале во градот Грос Морн.
Земјотресот е еден од најсилните кој го погоди Хаити од 2010 година, кога загинаа десетици илјади луѓе.