Во затвор поради помош на Канаѓанка

Од:

Судот во Саудиска Арабија осуди две жени на 10 месеци затвор, поради тоа што се обиделе да и помогнат на една Канаѓанка да ги земе своите деца и да го напушти сопругот кој што бил саудиец.

На Фавзија ал Ајуни и Ваџиха ал Хуајдер според пресудата донесена врз основа на шериетскиот закон кој што ги уредува сите општествени сфери во кралството им е забрането во нередните две години да ја напуштат државата, пренесе „Франс прес“.

Жените се осудени бидејќи и помагале на Канаѓанка да се спротивстави на авторитетот на сопругот.

Активисти ја повикаа канадската влада да интервенира кај властите на Саудиска Арабија.

Во ултраконзервативното општество на оваа држава жените во потполност зависат од своите сопрузи.

Eлена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Зеленски ја одложи посетата на Саудиска Арабија

Американците патуваат во Саудиска Арабија на преговори со Русите, Украина не е поканета

Саудиска Арабија: Не го признаваме Израел без палестинска држава

Саудиска Арабија планира да инвестира 600 милијарди долари во трговијата со САД

Реформите за човековите права во Саудиска Арабија: Работниците сега можат да ги менуваат работните места

ВИДЕО: Снег во Саудиска Арабија