Во западна Европа во ноември температурите пониски од просечните

Од:

Во западна Европа температурите во ноември ќе бидат пониски од просечните, соопшти денеска компанијата Ведер.

Првото навестување на зимата доаѓа овој викенд со ладен ветар од север, кој носи студ ширум поголемиот дел на Европа, додека во источна и јужна Европа ќе биде потопло, изјави главниот метеоролог на компанијата Тод Кравфорд.

Меѓутоа, како ќе влегуваме во зимата, ќе дојде до усогласување на силите, кои ќе предизвикаат студена зима ширум северна Европа, додека ширум јужна Европа, температурите ќе бидат над нормалните вредности и ќе донесат ветровити услови.

Предвидувањата за ноември во нордиските држави се дека ќе биде потопло над нормалата, во Британија постудено од просечното, во северна Европа потопло од нормалното на исток, постудено отколку нормалното на запад и на југот на Европа потопло од нормалното на исток, а постудено отколку нормалното на запад.

Ва декември во нордиските земји се предвидува потопло отколку нормалното, во Британија потопло од нормалното, во северна Европа на запад потопло од нормалното, а на исток постудено отколку просечното, додека во јужна Европа се очекува потопло од нормалното време.

Предвидувањата за јануари се дека во нордиските земји постудено отколку нормалното, во Британија постудено отколку просечното, како и во северна Европа, додека во јужна Европа се очекува потопло време отколку нормалното.

Би можело да ве интересира

Земјите членки на ЕУ ќе мора да ги проверуваат инвестициите надвор од еврозоната

Рекордни количества плин купуваат европските земји од Русија

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Европа размислува да испрати 100.000 војници во Украина

Шолц: Европа ќе помогне во обновата на Сирија

Европските сили ветија безбедносни гаранции за Украина пред враќањето на Трамп на власт

Горан Наумовски