Во водите на Црвено море нападнат саудиски танкер со нафта

Од:

Компанијата за глобална поморска безбедност „Драјад Глобал“ е инфомирана дека саудискиот танкер со нафта „НЦЦ Дамам“, бил нападнат во водите на Црвеното Море.

Компанијата забележува дека ваквите извештаи се уште не се потврдени, а дека нападот наводно се случил во близина на саудиското пристаниште Јанбу.

Саудиските власти досега не ја потврдија информацијата за нападот, но британската организација за поморска трговија (УКМТО) соопшти дека е информирана за инцидент што се случил во Црвеното море, приближно на две наутички милји од пристаништето Јанбу, пренесуваат британските медиуми.

Воена коалиција предводена од Саудиска Арабија, која се бори против проиранските бунтовници од племето Хути во Јемен, во минатото лажираа обиди за напади што, наводно, ги вршеле бунтовнички бродови со активирани експлозивни полнења, наведуваат британските медиуми.

Би можело да ве интересира

Зеленски ја одложи посетата на Саудиска Арабија

Американците патуваат во Саудиска Арабија на преговори со Русите, Украина не е поканета

Саудиска Арабија: Не го признаваме Израел без палестинска држава

Саудиска Арабија планира да инвестира 600 милијарди долари во трговијата со САД

Реформите за човековите права во Саудиска Арабија: Работниците сега можат да ги менуваат работните места

ВИДЕО: Снег во Саудиска Арабија